1 Цареви 8:37-43 MKB

37 Кога во земјата ќе завладеат глад, помор, суша и гламница, и кога ќе надојдат скакулци, гасеници, кога непријателот на овој народ притисне некоја од неговите врати, или кога ќе биде некоја друга неволја или болест,

38 ако некој човек, или сиот Твој народ, ја почувствува тешкотијата на своето срце па упати молитва или просење та ги рашири рацете кон овој Храм,

39 Ти чуј од небото, од местото каде што престојуваш, и прости и постапи; врати му на секој човек според неговиот пат, зашто Ти го познаваш неговото срце - единствено Ти ги познаваш срцата на сите -

40 за да се бојат од Тебе секогаш во сите дни додека живеат на земјата, што Ти им ја даде на нашите татковци.

41 Па и туѓинецот, кој не е од твојот Израелски народ, туку пристигнал од далечна земја заради Твоето Име,

42 зашто чул за Твоето големо Име, за Твојата силна рака и за Твојата подигната мишка - ако дојде и ако се помоли во овој Храм,

43 послушај го од небото, каде што престојуваш, послушај ги сите негови извикувања, за да го запознаат сите земни народи Твоето Име и за да се бојат од Тебе како Твојот народ Израел, и за да знаат дека Твоето Име е повикано над овој Дом што го изградив.