1 Цареви 8:39-45 MKB

39 Ти чуј од небото, од местото каде што престојуваш, и прости и постапи; врати му на секој човек според неговиот пат, зашто Ти го познаваш неговото срце - единствено Ти ги познаваш срцата на сите -

40 за да се бојат од Тебе секогаш во сите дни додека живеат на земјата, што Ти им ја даде на нашите татковци.

41 Па и туѓинецот, кој не е од твојот Израелски народ, туку пристигнал од далечна земја заради Твоето Име,

42 зашто чул за Твоето големо Име, за Твојата силна рака и за Твојата подигната мишка - ако дојде и ако се помоли во овој Храм,

43 послушај го од небото, каде што престојуваш, послушај ги сите негови извикувања, за да го запознаат сите земни народи Твоето Име и за да се бојат од Тебе како Твојот народ Израел, и за да знаат дека Твоето Име е повикано над овој Дом што го изградив.

44 Ако Твојот народ тргне против непријателот, по пат по кој што ќе го упатиш Ти, и ако Му се помоли на Господа, свртен кон овој град што си го избрал и кон Домот што му го изградив на Твоето Име,

45 послушај му ги од небото молитвата и просењето, и направи му правда.