1 Цареви 8:45-51 MKB

45 послушај му ги од небото молитвата и просењето, и направи му правда.

46 Кога ќе Ти згрешат, зашто нема човек кој не греши, а Ти, откако ќе се насрдиш на нив, ќе ги предадеш на непријателите да ги заробат и да ги одведат како робје во далечна или во блиска земја,

47 па ако се покајат со срцето во земјата во која ќе бидат доведени и ако почнат да Те молат за милост во земјата на своите освојувачи, велејќи: ‘Згрешивме, бевме лоши и опаки,’

48 и ако така се обратат кон Тебе со сето срце и со сета душа во земјата на своето ропство во која ќе бидат доведени како робови, и ако се помолат свртени кон земјата што Ти им ја даде на нивните татковци, и кон градот што си го избрал, и кон Домот што му го изградив јас на Твоето Име,

49 послушај ги од небото, каде што престојуваш, нивната молба и нивните просења,

50 направи им правда, и прости му на Својот народ зашто згреши против Тебе, прости ги сите навреди што ти ги нанесе, направи за да му се смилуваат освојувачите и за да бидат милостиви спрема него,

51 бидејќи тие се Твој народ и Твое наследство, нив ги изведе од Египет, од вжерената печка.