5 Царот Соломон и сета Израелева заедница, која се собра околу него, жртвуваа пред Ковчегот толку овци и говеда да не можеа да бидат преброени ни проценети.
6 Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во внатрешното светилиште на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.
7 Имено, херувите имаа раширени крилја над местото каде што стоеше Ковчегот, и ги засолнуваа одозгора Ковчегот и неговите драгови.
8 Драговите беа толку долги така што краевите им се гледаа од Светилиштето спроти Светината над светините, но не се гледаа однадвор. Таму останаа до денес.
9 Во Ковчегот немаше ништо освен двете камени плочи што ги стави Мојсеј во Хорив, каде што Господ склучи Завет со Израелевите синови откако излегоа од Египет.
10 А кога свештениците излегоа од Светилиштето, облак го исполни Господовиот Дом,
11 и свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата Слава го исполни Божјиот Дом!