1 Цареви 8:52-58 MKB

52 Твоите очи нека бидат отворени за молитвата на Твојот слуга и за просењата на Твојот народ Израел, за да ги чуеш сите нивни молби што ќе Ти ги упатат Тебе.

53 Зашто Ти ги оддвои од сите народи на земјата за Свое наследство, како што објави преку Својот слуга Мојсеј, кога ги изведе нашите татковци од Египет, о Господи, Боже!”

54 Откако Соломон ги доврши сета оваа молитва и просењето пред Господа, се дигна од местото каде што клечеше, со раширени раце кон небото, пред Господовиот жртвеник,

55 па истапи та го благослови сиот Израелев собор со силен глас:

56 ”Благословен Господ, Кој на Својот народ Израел му даде мир во сè како што вети; не пропадна ниту едно од Неговите убави ветувања, кои им ги даде на Својот слуга Мојсеј.

57 Господ, нашиот Бог, нека биде со нас како што беше со нашите татковци, и нека не нè напушта и отфрла.

58 Нека ги приклони нашите срца кон себе, за де одиме по сите Негови патишта и за да ги пазиме Неговите заповеди, закони и одредби што им ги даде на нашите татковци.