1 Цареви 8:56-62 MKB

56 ”Благословен Господ, Кој на Својот народ Израел му даде мир во сè како што вети; не пропадна ниту едно од Неговите убави ветувања, кои им ги даде на Својот слуга Мојсеј.

57 Господ, нашиот Бог, нека биде со нас како што беше со нашите татковци, и нека не нè напушта и отфрла.

58 Нека ги приклони нашите срца кон себе, за де одиме по сите Негови патишта и за да ги пазиме Неговите заповеди, закони и одредби што им ги даде на нашите татковци.

59 Овие мои зборови, што ги изнесов скромно пред Господа, да бидат постојано, дење и ноќе присутни пред Господа, нашиот Бог, за да би им правел, ден по ден, правда на Својот слуга и справедливост на Својот народ Израел,

60 за да познаат така сите народи на земјата дека Господ е Единствен Бог, и дека нема друг.

61 А вашето срце нека му биде потполно верно на Господа, нашиот Бог, пазејќи ги Неговите закони и држејќи ги Неговите заповеди како денес!”

62 Царот и сиот Израел со него Му принесоа жртва на Господа.