1 Цареви 8:63-66 MKB

63 Како помирителна жртва, која му ја принесе на Господа, Соломон принесе дваесет и две илјади волови и сто и дваесет илјади овци; со тоа царот и сиот Израел го посветија Господовиот Дом.

64 Во тој ден царот го посвети средиштето на преддворјето, што е пред Господовиот Дом, зашто таму ги принесе палениците, лебните приноси, и мрсното од помирителните жртви, зашто бронзениот жртвеник пред Господа беше премал за да ги прими палениците, лебните приноси и помирителните жртви.

65 Таа свеченост во она време Соломон ја славеше седум денови, со сите Израелци, со големиот собор од Влезот во Хамат до Египетската Река, пред Господа, нашиот Бог.

66 Потоа на осмиот ден ги отпушти луѓето; тие го благословуваа царот и си одеа во своите куќи, весели и со задоволни срца заради сето добро што Господ му го направи на Својот слуга Давид и на Својот народ Израел.