9 Во Ковчегот немаше ништо освен двете камени плочи што ги стави Мојсеј во Хорив, каде што Господ склучи Завет со Израелевите синови откако излегоа од Египет.
10 А кога свештениците излегоа од Светилиштето, облак го исполни Господовиот Дом,
11 и свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата Слава го исполни Божјиот Дом!
12 Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека благоволи, да престојува во облак;
13 а јас Ти изградив Дом, место, за да престојуваш во него засекогаш!”
14 И откако се сврти, царот го благослови целиот израелски собор, а сиот израелски собир стоеше.
15 Тој рече: „Нека е благословен Господ, Израелевиот Бог, Кој со Својата рака го исполни ветувањето што со Својата уста му го даде на мојот татко Давид, велејќи: