12 Хирам излезе од Тир за да ги види градовите што му ги подари Соломон, ама не му се допаднаа.
13 И рече: „Какви се тие градови што си ми ги дал, брате?” И оттогаш ги викаат „Земја Кабул” до денешниот ден.
14 А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет златни таланти.
15 Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер.
16 Фараонот, египетскиот цар, тргна во воен поход, го освои Гезер, ги изгоре и ги погуби Хананците кои што живееја таму, потоа и го даде градот како свадбен подарок на својата ќерка, Соломоновата жена,
17 а Соломон ги обнови Гезер, Долниот Вет Орон,
18 Валат, Тадмор во пустината во земјата,