1 Цареви 9:16-22 MKB

16 Фараонот, египетскиот цар, тргна во воен поход, го освои Гезер, ги изгоре и ги погуби Хананците кои што живееја таму, потоа и го даде градот како свадбен подарок на својата ќерка, Соломоновата жена,

17 а Соломон ги обнови Гезер, Долниот Вет Орон,

18 Валат, Тадмор во пустината во земјата,

19 сите градови - складови што ги имаше Соломон, градовите за бојни коли, и градовите за коњицата, и сè што Соломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и во сите земји што му беа подвластени.

20 На сите други: на Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците, кои не беа Израелци,

21 на синовите нивни што останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа, Соломон им наметна тежок данок до денешниот ден.

22 Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови, туку тие му беа воини, дворјанци, војсководачи, триесетници, заповедници на неговите бојни коли и на коњицата.