1 Цареви 9:21-27 MKB

21 на синовите нивни што останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа, Соломон им наметна тежок данок до денешниот ден.

22 Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови, туку тие му беа воини, дворјанци, војсководачи, триесетници, заповедници на неговите бојни коли и на коњицата.

23 А еве ги надзорниците кои што управуваа со Соломоновите работи: нив пет стотини и педесет, кои му заповедаа на народот вработен во работите.

24 Штом фараоновата ќерка влезе од Давидовиот Град во куќата што Соломон и ја беше изградил, тогаш тој го изгради Мило.

25 Соломон трипати годишно принесуваше паленици и помирителни жртви на жртвеникот што Му го подигна на Господа, кадеше пред Господа. Така го доврши Храмот.

26 Царот Соломон изгради бродови во Есион Гавер, што е покрај Елот, на брегот на Црвеното Море, во Едомската Земја.

27 Хирам испрати на тие бродови свои слуги, морнари кои го познаваа морето, со Соломоновите слуги.