25 Соломон трипати годишно принесуваше паленици и помирителни жртви на жртвеникот што Му го подигна на Господа, кадеше пред Господа. Така го доврши Храмот.
26 Царот Соломон изгради бродови во Есион Гавер, што е покрај Елот, на брегот на Црвеното Море, во Едомската Земја.
27 Хирам испрати на тие бродови свои слуги, морнари кои го познаваа морето, со Соломоновите слуги.
28 Тие отпловија во Офир, зедоа оттаму четири стотини и дваесет таланти злато и му ги донесоа на царот Соломон.