1 Цареви 9:5-11 MKB

5 Јас ќе го зацврстам засекогаш твојот царски престол над Израел, како што му ветив на твојот татко Давид кога му реков: ‘Никогаш нема да ти снема наследник на Израелевиот престол.’

6 Но ако Ме оставите, вие и вашите синови, ако не ги пазите Моите заповеди и закони што ви ги дадов, ако се свртите кон боговите, и ако им служите и им се клањате,

7 тогаш ќе го истребам Израел од земјата што му ја дадов; овој Дом, што му го посветив на Моето Име, ќе го отфрлам од Себе, и Израел ќе биде за презир и за потсмев на сите народи.

8 Овој Дом е возвишен, ама сите кои што ќе поминуваат покрај него ќе бидат вчудоневидени; ќе свират со уста и ќе зборуваат: ‘Зошто Господ направи така со оваа земја и со овој Дом?’

9 А ќе им се рече: ‘Зашто Го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе нивните татковци од Египет, а им се приклонија на други богови, ги честеа и им служеа, затоа Господ ги пушти сите овие зла врз нив.’”

10 После дваесет години, во кои Соломон ги изгради двете згради, Господовиот Дом и царскиот дворец,

11 а Хирам, царот на Тир, му набавуваше кедрово и чемпресово дрво, и злато колку што сакаше, тогаш царот Соломон му даде на Хирама дваесет градови во Галилејската Земја.