Михеј 1 MKB

1 Господово слово упатено на Моресетецот Михеј во времето на Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејски цареви. Неговите виденија за Самарија и Ерусалим.

2 Чујте, народи, вие сите! Слушај земјо и сè што те исполнува! Господ Бог ќе сведочи против вас - Господ од Својот свет Храм!

3 Зашто, еве: Господ излегува од Своето свето место, слегува и оди по земските височини.

4 Горите се растопуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат како восок пред оган, како водата што се разлева низ стрмнината.

5 Сè е тоа Јакововото злосторство и за гревовите на Израелевиот дом. Кое е Јакововото злосторство? Не е ли Самарија? Кои се Јудините високи места? Не е ли Ерусалим?

6 „Ќе направам од Самарија грутки куп во полето, на место за садење лозје. Ќе ги растркалам нејзините камења во долината, ќе и ги откријам основите.

7 Ќе се искршат на парчиња сите нејзини резани ликови, сета блудничка плата ќе и биде изгорена со оган, ќе ги запустам сите нејзини идоли, зашто се насобрани од блудничка плата, и пак ќе се вратат на блудничка плата.”

8 Затоа ќе плачам и ќе заридам, ќе одам гол и необлечен, ќе вијам како шакалите, ќе пискам како ноевите.

9 Зашто нема лек за нејзината рана, стига сè до Јуда, ја допира вратата на Мојот народ, сè до Ерусалим!

10 Не јавувајте го тоа во Гат, не плачете воопшто! во Вит-Афра, тркалајте се во прав!

11 Заминувај срамно разголена сафирска жителке! Од својот град не излезе сананската жителка! Оплакувањето на Вет-Езил ќе ја зема поткрепата од вас.

12 Како може да и се надева на среќата маротската жителка? Зашто несреќата слегува од Господ сè до Ерусалимската Врата.

13 Впрегнете брзи коњи во бојни коли, лахиски жителки! Тоа беше почеток на гревот на Сионската Ќерка, зашто во тебе се најдоа Израелевите злосторства.

14 Затоа ќе му дадеш проштални дарови на Моресет-Гат, ахсивските домови ќе ги измамат израелските цареви.

15 Уште ќе ти доведам наследник жителке на Марис, ќе стигне до Одолам Израелевата слава.

16 Корни ја косата и истрижи се заради своите мили деца! Стани ќелава како орелот мршар, зашто ќе одат далеку од тебе во ропство.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7