8 Затоа ќе плачам и ќе заридам, ќе одам гол и необлечен, ќе вијам како шакалите, ќе пискам како ноевите.
9 Зашто нема лек за нејзината рана, стига сè до Јуда, ја допира вратата на Мојот народ, сè до Ерусалим!
10 Не јавувајте го тоа во Гат, не плачете воопшто! во Вит-Афра, тркалајте се во прав!
11 Заминувај срамно разголена сафирска жителке! Од својот град не излезе сананската жителка! Оплакувањето на Вет-Езил ќе ја зема поткрепата од вас.
12 Како може да и се надева на среќата маротската жителка? Зашто несреќата слегува од Господ сè до Ерусалимската Врата.
13 Впрегнете брзи коњи во бојни коли, лахиски жителки! Тоа беше почеток на гревот на Сионската Ќерка, зашто во тебе се најдоа Израелевите злосторства.
14 Затоа ќе му дадеш проштални дарови на Моресет-Гат, ахсивските домови ќе ги измамат израелските цареви.