10 „Во оној ден - говори Господ - ќе ги истребам сите твои коњи, ќе ги уништам твоите бојни коли.
11 Ќе ја разурнам секоја населба по твојата земја, ќе ги срушам сите твои тврди градови.
12 Ќе ги сотрам баењата од твојата рака, не ќе имаш веќе врачеви.
13 Ќе ги истребам во тебе сите кипови и камени столбови. И ти веќе не ќе се поклонуваш пред делото на своите раце.
14 Ќе ги искорнам ашерите од тебе и ќе ги разурнам твоите градови.
15 Во гнев и во бес, ќе ја извршам одмаздата над народите кои не слушаа.”