Михеј 5:5-11 MKB

5 Тој - Тој е мир! Ако Асирците навлезат во нашата земја, ако стапат во нашите дворци, ќе подигнеме против нив седум пастири, осум народни кнезови.

6 Асирската Земја тие ќе ја испасат со меч, Невродовата Земја со мечеви. И Тој ќе нè ослободи од Асирците ако навлезат во нашата земја, ако стапнат на наша почва.

7 И Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како роса што доаѓа од Господа, како капки на дождот на тревата кој не го чека човекот ниту се колеба за човечките синови.

8 А Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како лав меѓу горските ѕверови, како лавче меѓу овци стада; секој пат кога поминува, тој гази со нозете, раскинува, и нема никој да се избави од него.

9 Твојата рака нека се подигне на противникот, сите Твои непријатели ќе бидат сотрени!

10 „Во оној ден - говори Господ - ќе ги истребам сите твои коњи, ќе ги уништам твоите бојни коли.

11 Ќе ја разурнам секоја населба по твојата земја, ќе ги срушам сите твои тврди градови.