Михеј 5:6-12 MKB

6 Асирската Земја тие ќе ја испасат со меч, Невродовата Земја со мечеви. И Тој ќе нè ослободи од Асирците ако навлезат во нашата земја, ако стапнат на наша почва.

7 И Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како роса што доаѓа од Господа, како капки на дождот на тревата кој не го чека човекот ниту се колеба за човечките синови.

8 А Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како лав меѓу горските ѕверови, како лавче меѓу овци стада; секој пат кога поминува, тој гази со нозете, раскинува, и нема никој да се избави од него.

9 Твојата рака нека се подигне на противникот, сите Твои непријатели ќе бидат сотрени!

10 „Во оној ден - говори Господ - ќе ги истребам сите твои коњи, ќе ги уништам твоите бојни коли.

11 Ќе ја разурнам секоја населба по твојата земја, ќе ги срушам сите твои тврди градови.

12 Ќе ги сотрам баењата од твојата рака, не ќе имаш веќе врачеви.