1 Чујте сега што зборува Господ: „Стани! Суди се пред горите, и бреговите нека го чујат твојот глас!
2 Гори слушајте ја Господовата пресуда, основи на земјата, чујте, зашто Господ се суди со Својот народ, Тој се суди со Израел:
3 Народе Мој, што ти сторив? Со што те изморив? Одговорете против Мене,
4 Јас те изведов тебе од Египетската Земја, те избавив од куќата на ропството; го испратив пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.