12 Вашите богаташи полни се со насилство, вашите жители зборуваат лага, измамлив е јазикот во нивната уста!
13 Затоа и Јас почнав да те удирам, да те истребувам заради твоите гревови.
14 Ќе јадеш, а нема да се наситиш, ќе останеш гладен; ќе оставаш настрана и ништо не ќе сочуваш; ако и запазиш нешто, Јас ќе го предадам на меч.
15 Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе ја цедиш маслинката, а не ќе се намажеш со масло; ќе газиш грозје, а не ќе пиеш вино.
16 Ги пазиш Амриевите закони и сите дела на Ахавовиот дом, живееш според нивните совети: ќе направам пустина од тебе, потсмев од твоите жители, за да го носите срамот на многу народи.”