Михеј 6:2-8 MKB

2 Гори слушајте ја Господовата пресуда, основи на земјата, чујте, зашто Господ се суди со Својот народ, Тој се суди со Израел:

3 Народе Мој, што ти сторив? Со што те изморив? Одговорете против Мене,

4 Јас те изведов тебе од Египетската Земја, те избавив од куќата на ропството; го испратив пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам.

5 Народе Мој, спомни си сега: Што беше наумил Валак, моавскиот цар? Што му одговори нему Валаам, синот Веоров, (спомнете си за сè збиднато) ... од Ситим до Галгал, за да ги познаеш праведните Господови дела?”

6 Со што ќе дојдам пред Господа, ќе паднам ли ничкум пред Сèвишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Него со жртва паленица, со телиња годиначиња?

7 Дали ќе Му бидат мили илјада овни, илјада илјади потоци масло? Треба ли да се принесе првородениот син заради својот престап, плодот на својата утроба заради гревот на мојата душа?

8 Човеку, објавено ти е, што е добро, што бара Господ од тебе: да се прави само правда, да се љуби милосрдието и да се оди смирено со својот Бог.