Михеј 7:1-7 MKB

1 Тешко ми мене! Станав како оние што собираат летен плод, како доберувач по гроздоберот; нема зрно грозје да го позобам, нема смоква-ранка по која копнее душата моја!

2 Побожниот исчезна од земјата, ниеден праведник меѓу луѓето! Сите дебнат за крволеење, секој му поставува мрежа на својот брат.

3 Нивните раце способни се за зло: главатарот бара подарок, судијата суди според поткупот големецот ја искажува похотливоста на својата душа, така тие, заедно го ткаат злото.

4 И најдобриот меѓу нив е како трн, најправедниот како трнлив плет. Денот на твоите чувари, и денот на твоите посетители пристигна, сега ќе биде нивната збунетост.

5 Немајте надеж на ближниот, не верувајте во пријателот; пред онаа која со тебе ја дели постелата, внимавај да не ја отвориш устата.

6 Зашто синот го презира својот татко, ќерката станува против мајката, снаата против својата свекрва, секому е непријател неговиот домашен.

7 А јас, јас сум загледан кон Господа, чекам на Бог Кој спасува, мојот Бог ќе ме послуша мене.