Михеј 7:10-16 MKB

10 Кога ќе здогледа мојата непријателка, ќе се покрие од срам таа која ми зборуваше: „Каде е Тој, Господ, твојот Бог?” Моите очи ќе се насладуваат кога ќе ја здогледам: таа ќе биде згазена како кал на патот.

11 Доаѓа ден кога ќе се соѕидаат твоите ѕидови! Во тој ден надалеку ќе се шират твоите граници!

12 Во тој ден ќе доаѓаат кај тебе од Асирската Земја до Египет, од Тир до Реката, од море до море, од гора до гора.

13 Земјата ќе стане пустина заради своите жители, заради нивните дела.

14 Паси го Својот народ со Својот жезол, стадото на Своето наследство, кое живее осамено во грмушникот, сред плодни овошници. Нека пасе во Васан и во Галад, како во стари времиња!

15 „Како во деновите кога излезе од Египетската Земја, ќе им покажам чудесни работи.”

16 Народите ќе ги видат, и ќе бидат засрамени покрај сета своја сила; ќе ја стават раката на устата, и ушите ќе им се заглушат.