Михеј 7:6-12 MKB

6 Зашто синот го презира својот татко, ќерката станува против мајката, снаата против својата свекрва, секому е непријател неговиот домашен.

7 А јас, јас сум загледан кон Господа, чекам на Бог Кој спасува, мојот Бог ќе ме послуша мене.

8 Не радувај се на моето зло, непријателко моја, ако паднав, ќе станам; ако престојувам во темнини, Господ е моја светлина.

9 Треба да ја поднесувам Господовата лутина, зашто згрешив против Него, сè додека не го пресуди мојот спор и не ја изрече правдата; ќе ме изведе на светлина, ќе ја гледам Неговата праведност.

10 Кога ќе здогледа мојата непријателка, ќе се покрие од срам таа која ми зборуваше: „Каде е Тој, Господ, твојот Бог?” Моите очи ќе се насладуваат кога ќе ја здогледам: таа ќе биде згазена како кал на патот.

11 Доаѓа ден кога ќе се соѕидаат твоите ѕидови! Во тој ден надалеку ќе се шират твоите граници!

12 Во тој ден ќе доаѓаат кај тебе од Асирската Земја до Египет, од Тир до Реката, од море до море, од гора до гора.