12 Неговите очи се како гулаби над поточната вода. Забите му се како измиени со млеко, наредени во рамка.
13 Неговите образи се како леи со мирисливи билки; како благомирисно цвеќе, усните му се лилјани, од кои тече смирна.
14 Рацете му се златно прстење, полно со скапоцености; неговите гради - како извајани од слонова коска, покриена со сафири.
15 Нозете му се столбови од мрамор на златни подножја; растот му е како Ливан, величествен како кедар.
16 Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!