1 „Каде отишол твојот возљубен, о, нјубава меѓу жените? Каде го снема твојот возљубен, за да го бараме со тебе?”
2 Мојот возљубен слезе во својата градина, при леите со мирисливи билки, да пасе по градините и да собира лилјани.
3 Јас му припаѓам на мојот возљубен, мојот возљубен ми припаѓа мене; тој пасе меѓу лилјаните.
4 Убава си, моја возљубена, како Терса, красна си како Ерусалим, страшна како војска под знамињата.
5 Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат.
6 Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена.
7 Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез.
8 Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици.
9 Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, избраница на својата родителка. Девиците ја видоа и и заблажеваа, а цариците и наложниците ја пофалија.
10 Која е оваа која доаѓа како мугрите што осамнуваат, прекрасна е како месечината, сјајна како сонцето, страшна како војска под знамињата?
11 Слегов низ ореови насади, за да ги видам младите растенија во долината, за да видам дали распупиле лозјата, дали цветаат калинките?
13 „Врати се, врати се, Суламко, врати се за да те гледаме.” Што ќе видите на Суламка, која игра во две дружини?