4 Убава си, моја возљубена, како Терса, красна си како Ерусалим, страшна како војска под знамињата.
5 Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат.
6 Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена.
7 Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез.
8 Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици.
9 Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, избраница на својата родителка. Девиците ја видоа и и заблажеваа, а цариците и наложниците ја пофалија.
10 Која е оваа која доаѓа како мугрите што осамнуваат, прекрасна е како месечината, сјајна како сонцето, страшна како војска под знамињата?