4 Твојот врат е како столб од слонова коска. Твоите очи се како езерчињата во Есевон, кај Ватравимската Врата. Носот ти е како ливанска стражарница, што гледа кон Дамаск.
5 Твојата глава е како гората Кармил, а косата на главата како црвено сукно, и царот се сплетка во нејзините плетенки.
6 Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините!
7 Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови.
8 Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка.
9 Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните.
10 Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене.