9 Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните.
10 Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене.
11 Дојди, возљубен мој, ќе одиме во полето, ќе ноќеваме во селата.
12 Наутро ќе одиме во лозјата, за да видиме дали распупува лозата, дали се зафаќа грозјето, дали расцветаа калинките? Таму ќе му ја дадам мојата љубов.
13 Калинките шират мирис, во нашите куќи има секакви овошки: нови и стари, за тебе ги чував, о највозљубен мој!