11 Соломон има лозје во Вал Амон; им го даде на чуварите и секој треба да донесе за неговите плодови илјада сребреници.
12 Моето лозје е пред мене: а Соломоне, за тебе илјада, а двеста на оние што ги чуваат плодовите.
13 О ти, која живееш во градините, другарите го слушаат твојот глас, дај и јас да го чујам.
14 Побрзај, возљубен мој; биди како срна и како еленче во мирисливите гори!