Судии 1:16-22 MKB

16 Синовите на Кенеецот Јотор, Мојсеевиот дедо, отидоа од Палминиот Град со Јудините синови во Јудината Пустина, што е во Негев, на југ од Арад. Таму се населија меѓу Амаликците.

17 Потоа Јуда отиде со братот Симеон и ги погубија Ханаанците кои живееја во Сефат, и го предадоа на „херем”, на проклетство. Заради тоа градот беше наречен Орма (Истребување).

18 Исто Јуда успеа да ги заземе: Газа со нејзиното подрачје, Аскалон со неговото подрачје и Акарон со неговото подрачје.

19 Господ беше со Јуда, па тој го освои Горјето, но не можеше да ги изгони оние во низината, зашто имаа железни коли.

20 Како што беше одредил Мојсеј, Хеврон му го дадоа на Халев, кој изгони оттаму три Енакови сина.

21 А Венијаминовите синови не успеаја да ги изгонат Евусејците, кои живееја во Ерусалим, и така Евусејците останаа во Ерусалим со Венијаминовите синови до денешен ден.

22 И Јосифовото племе тргна против Ветил, и Господ беше со нив.