20 Како што беше одредил Мојсеј, Хеврон му го дадоа на Халев, кој изгони оттаму три Енакови сина.
21 А Венијаминовите синови не успеаја да ги изгонат Евусејците, кои живееја во Ерусалим, и така Евусејците останаа во Ерусалим со Венијаминовите синови до денешен ден.
22 И Јосифовото племе тргна против Ветил, и Господ беше со нив.
23 И Јосифовото племе почна да го согледува Ветил. Градот беше викан некогаш Луз.
24 Согледувачите забележија човек како излегува од градот и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, па ќе ти бидеме милостиви.”
25 Тој им го покажа влезот во градот. И исекоа сè со меч во градот, а оној човек го пуштија да си отиде со сето негово семејство.
26 Човекот отиде во земјата на Хетејците, и таму изгради град и го нарече Луз. Така се вика уште и денес.