Судии 1:26-32 MKB

26 Човекот отиде во земјата на Хетејците, и таму изгради град и го нарече Луз. Така се вика уште и денес.

27 Манасиј не ги освои Вет-Сан и неговите села, ни Тахана и нејзините села. Не ги изгони ни жителите од Дора и од неговите села, ни жителите на Ивлеам и на неговите села, ни жителите на Мегида и на нејзините села. Така Ханаанците останаа и живееја во земјата.

28 Кога Израел зајакна, им наметна данок на Ханаанците, но не можеше да ги истера.

29 Ни Ефрем не ги истера Ханаанците, кои живееја во Гезер, така што тие Ханаанци живееја тука меѓу нив.

30 Завулон не ги истера жителите на Китрон ни жителите на Налол. Така Ханаанците останаа среде Завулоновите синови, но им беше наметнат данок.

31 Ни Асир не ги изгони жителите на Акон, ни жителите на Сидон, ни оние од Алав, ни од Ахазив, ни од Халва, ни од Афика, ни од Реова.

32 Така Асирците останаа меѓу Ханаанците, жителите на таа земја, зашто не ги истераа.