Судии 1:30-36 MKB

30 Завулон не ги истера жителите на Китрон ни жителите на Налол. Така Ханаанците останаа среде Завулоновите синови, но им беше наметнат данок.

31 Ни Асир не ги изгони жителите на Акон, ни жителите на Сидон, ни оние од Алав, ни од Ахазив, ни од Халва, ни од Афика, ни од Реова.

32 Така Асирците останаа меѓу Ханаанците, жителите на таа земја, зашто не ги истераа.

33 И Нефталим не ги изгони жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат, туку живееше меѓу Ханаанците кои ја населуваа таа земја, ама им наметнаа данок на жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат.

34 Аморејците ги истиснаа Дановите синови во гората, и не ги пуштаа да слезат во рамницата.

35 Аморејците се задржаа во гората Ерес, во Ајалон и во Салвим, но кога зајакна раката на Јосифовиот дом, им беше наметнат данок.

36 Подрачјето на Едомците се простира од Акравимското Нагорниште, до Стената и нагоре.