Судии 1:7-13 MKB

7 Тогаш Адони-Седек рече: „Седумдесет цареви, со отсечени палци на рацете и на нозете, собираа трошки под мојот стол. Како што правев, така Бог ми враќа.” Го одведоа во Ерусалим, и таму умре.

8 Потоа Јудините синови војуваа против Ерусалим, го освоија, ги погубија со меч жителите и го изгореа градот.

9 После тоа Јудините синови тргнаа да се борат против Ханаанците, кои живееја во Горјето, во Негев и во Шефел.

10 И Јуда отиде против Ханаанците, кои живееја во Хеврон - на Хеврон некогаш името му беше Киријат Арва - и таму ги поразија Сесаја, Ахимана и Талмаја.

11 Оттаму отиде против жителите на Давир, што некогаш беше викан Киријат-Сефер.

12 И Халев рече: „Кој ќе го покори и ќе го заземе Киријат-Сефер, ќе му ја дадам својата ќерка Ахса за жена.”

13 Го зазеде Готонил, син Кенезов, помалиот брат Халевов, и Халев му ја даде својата ќерка Ахса за жена.