Судии 11:10-16 MKB

10 ”Господ нека биде сведок меѓу нас - му одговорија на Јефтаја градските старешини - дека ќе постапиме според твоето слово!”

11 И Јефтај отиде со старешините на Галад. Народот го постави за свој главатар и војвода; а Јефтај ги повтори сите свои услови пред Господа во Миспа.

12 Тогаш Јефтај му испрати пратеници на царот на Амонците со порака: „Што има меѓу тебе и мене па си дошол да војуваш против мојата земја?”

13 Царот на Амонците им одговори на Јефтаевите посланици: „Во времето кога излегуваше од Египет, Израел ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и до Јордан. Затоа сега врати ми ја доброволно!”

14 Јефтај повторно му испрати пратеници на царот на Амонците,

15 и му порача: „Вака зборува Јефтај: ‘Израел не зеде ни моавска ни амонска земја,

16 туку, откако излезе од Египет, Израел помина преку пустината до Црвеното Море и дојде до Кадис.