Судии 11:12-18 MKB

12 Тогаш Јефтај му испрати пратеници на царот на Амонците со порака: „Што има меѓу тебе и мене па си дошол да војуваш против мојата земја?”

13 Царот на Амонците им одговори на Јефтаевите посланици: „Во времето кога излегуваше од Египет, Израел ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и до Јордан. Затоа сега врати ми ја доброволно!”

14 Јефтај повторно му испрати пратеници на царот на Амонците,

15 и му порача: „Вака зборува Јефтај: ‘Израел не зеде ни моавска ни амонска земја,

16 туку, откако излезе од Египет, Израел помина преку пустината до Црвеното Море и дојде до Кадис.

17 Тогаш Израел му испрати пратеници на едомскиот цар со молба: Сакам да поминам низ твојата земја! Но едомскиот цар не ги послуша. Ги испрати и при моавскиот цар, но и тој не сакаше, та Израел остана во Кадис.

18 Потоа преку пустината ги заобиколи Едомската и Моавската Земја и дојде на исток од Моавската Земја. Народот постави логор од онаа страна на Арнон не преминувајќи ја границата на Моав, зашто Арнон беше моавска меѓа.