Судии 11:26-32 MKB

26 Кога Израел се насели во Есевон и во неговите села, во Ароир и во неговите села, а така и по сите градови на брегот на Јордан - еве, веќе триста години - зошто тогаш не ги одзедовте?

27 Јас не ти згрешив тебе, туку ти ми правиш неправда војувајќи против мене. Господ, Судијата, нека пресуди денес меѓу Израелевите синови и Амоновите синови.’”

28 Но царот на Амонците не ги послуша зборовите што му ги испрати Јефтај.

29 Господов Дух дојде на Јефтај, па тој помина низ Галадовото и низ Манасиевото племе, помина низ Галадска Миспа, а од Галадската Миспа дојде зад Амонците.

30 И Јефтај Му се заветува на Господа: „Ако ми ги предадеш Амонците во раце,

31 првиот кој ќе излезе низ вратата на мојата куќа за да ме пресретне, кога ќе се враќам како победник од бојот со Амонците, ќе биде Господов, и него ќе го принесам како паленица.”

32 Јефтај тргна против Амонците за да ги нападне, и Господ ги предаде во неговите раце.