Судии 11:27-33 MKB

27 Јас не ти згрешив тебе, туку ти ми правиш неправда војувајќи против мене. Господ, Судијата, нека пресуди денес меѓу Израелевите синови и Амоновите синови.’”

28 Но царот на Амонците не ги послуша зборовите што му ги испрати Јефтај.

29 Господов Дух дојде на Јефтај, па тој помина низ Галадовото и низ Манасиевото племе, помина низ Галадска Миспа, а од Галадската Миспа дојде зад Амонците.

30 И Јефтај Му се заветува на Господа: „Ако ми ги предадеш Амонците во раце,

31 првиот кој ќе излезе низ вратата на мојата куќа за да ме пресретне, кога ќе се враќам како победник од бојот со Амонците, ќе биде Господов, и него ќе го принесам како паленица.”

32 Јефтај тргна против Амонците за да ги нападне, и Господ ги предаде во неговите раце.

33 И Јефтај ги порази од Ароир до близу Минт - во дваесет градови - и сè до Авел-Керамим. Тоа беше нивни голем пораз; и Амонците беа покорени пред Израел.