Судии 11:29-35 MKB

29 Господов Дух дојде на Јефтај, па тој помина низ Галадовото и низ Манасиевото племе, помина низ Галадска Миспа, а од Галадската Миспа дојде зад Амонците.

30 И Јефтај Му се заветува на Господа: „Ако ми ги предадеш Амонците во раце,

31 првиот кој ќе излезе низ вратата на мојата куќа за да ме пресретне, кога ќе се враќам како победник од бојот со Амонците, ќе биде Господов, и него ќе го принесам како паленица.”

32 Јефтај тргна против Амонците за да ги нападне, и Господ ги предаде во неговите раце.

33 И Јефтај ги порази од Ароир до близу Минт - во дваесет градови - и сè до Авел-Керамим. Тоа беше нивни голем пораз; и Амонците беа покорени пред Израел.

34 Кога Јефтај се врати дома во Миспа, ете, во пресрет му излезе ќерката, играјќи при звуци на тапани. Таа му беше единка, освен неа немаше ни син ни ќерка.

35 Кога ја виде, ги раздра своите облеки и рече: „Ах, моја ќерко, ме фрли во голема тага! Зар токму ти требаше да ми донесеш несреќа! Те заветував на Господа, и не можам да го одречам заветот.”