Судии 11:35-40 MKB

35 Кога ја виде, ги раздра своите облеки и рече: „Ах, моја ќерко, ме фрли во голема тага! Зар токму ти требаше да ми донесеш несреќа! Те заветував на Господа, и не можам да го одречам заветот.”

36 Таа му одговори: „Татко мој, ако си Му направил завет на Господа, стори со мене како што си се заветувал, зашто Господ ти даде да им се одмаздиш на Амонците, на своите непријатели.”

37 Тогаш го замоли татка си: „Исполни ми ја оваа молба: пушти ме да бидам слободна два месеца; ќе скитам по горите со моите другарки и ќе ја оплачувам мојата девственост.”

38 ”Оди”- и рече тој, и ја пушти за два месеца. Таа отиде со своите другарки, и ја оплакуваше својата девственост по горите.

39 Кога поминаа два месеца, таа се врати при таткото, и тој го исполни врз неа заветот што го беше направил. И никогаш не беше запознала маж. Оттогаш стана обичај во Израел

40 секоја година Израелевите ќерки да отидат и да ја оплакуваат ќерката на Галадецот Јефтај, четири дена во годината.