Судии 11:5-11 MKB

5 Кога Амонците го нападнаа Израел, галадските старешини тргнаа да го бараат Јефтаја во земјата Тов.

6 ”Дојди - му рекоа - биди ни војвода, да војуваме против Амонците.”

7 Но Јефтај им одговори на галадските старешини: „Нели вие ме мразевте и нели ме изгонивте од куќата на татка ми? Зошто доаѓате сега при мене, а кога сте во неволја?”

8 Галадските старешини му рекоа на Јефтај: „Затоа дојдовме при тебе: дојди со нас, поведи војна против Амонците, и ќе ни бидеш главатар нам и на сите во Галад.”

9 Јефтај ги праша галадските старешини: „Ако ме одведете назад за да војувам против Амонците, па ако Господ ми ги предаде мене, ќе бидам ли ваш главатар?”

10 ”Господ нека биде сведок меѓу нас - му одговорија на Јефтаја градските старешини - дека ќе постапиме според твоето слово!”

11 И Јефтај отиде со старешините на Галад. Народот го постави за свој главатар и војвода; а Јефтај ги повтори сите свои услови пред Господа во Миспа.