Судии 12:1-7 MKB

1 Тогаш се собраа луѓе од Ефремовото племе, го поминаа Јордан при патот кон Сафон и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во бој против Амонците, а нас не нè повика да дојдеме со тебе? Ќе ти ја изгориме куќата заедно со тебе!”

2 Јефтај им одговори: „Имавме голем спор, јас и мојот народ, и Амонците нè угнетуваа тешко. Ве повикав на помош, но вие не ме избавивте од нивните раце.

3 Гледајќи дека нема кој да ме спаси, го ставив животот на жрепка, отидов сам против Амонците, и Господ ми ги предаде во рацете. И така, зошто тргнавте денес да војувате против мене?”

4 Тогаш Јефтај ги собра сите Галадци и удри на Ефрема. Галадците го поразија Ефрема, зашто овие зборуваа: „Вие сте, Галадци, Ефремови бегалци, кои живеевте среде Ефрема и Манасија.”

5 Потоа Галадците им ги пресекоа на Ефрема јорданските бродови, и кога некој Ефремов бегалец ќе речеше: „Пуштете ме да поминам,” Галадците ќе го прашаа: „Дали си Ефремовец?” Ако речеше тој: „Не сум,”

6 тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!” (клас). Тој велеше: „Сиболет,” зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе.

7 Јефтај му судеше на Израел шест години. А кога Галадецот Јефтај почина, го погребаа во неговиот град, во Галад.