Судии 12:3-9 MKB

3 Гледајќи дека нема кој да ме спаси, го ставив животот на жрепка, отидов сам против Амонците, и Господ ми ги предаде во рацете. И така, зошто тргнавте денес да војувате против мене?”

4 Тогаш Јефтај ги собра сите Галадци и удри на Ефрема. Галадците го поразија Ефрема, зашто овие зборуваа: „Вие сте, Галадци, Ефремови бегалци, кои живеевте среде Ефрема и Манасија.”

5 Потоа Галадците им ги пресекоа на Ефрема јорданските бродови, и кога некој Ефремов бегалец ќе речеше: „Пуштете ме да поминам,” Галадците ќе го прашаа: „Дали си Ефремовец?” Ако речеше тој: „Не сум,”

6 тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!” (клас). Тој велеше: „Сиболет,” зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе.

7 Јефтај му судеше на Израел шест години. А кога Галадецот Јефтај почина, го погребаа во неговиот град, во Галад.

8 По него судија во Израел беше Авесан од Витлеем.

9 Тој имаше триесет синови и триесет ќерки, кои ги омажи од куќата, а на своите синови им донесе однадвор триесет жени. Тој му судеше на Израел седум години.