6 тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!” (клас). Тој велеше: „Сиболет,” зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе.
7 Јефтај му судеше на Израел шест години. А кога Галадецот Јефтај почина, го погребаа во неговиот град, во Галад.
8 По него судија во Израел беше Авесан од Витлеем.
9 Тој имаше триесет синови и триесет ќерки, кои ги омажи од куќата, а на своите синови им донесе однадвор триесет жени. Тој му судеше на Израел седум години.
10 Потоа умре Авесан, и го погребаа во Витлеем.
11 По него судија во Израел беше Завулонецот Елон. Тој му судеше на Израел десет години.
12 Потоа умре Завулонецот Елон, и го погребаа во Ајалон во Завулоновата Земја.