Судии 2:1-7 MKB

1 Господов ангел дојде од Галгал во Бохиме и рече: „Ве изведов од Египет и ве доведов во земјата што ви ја ветив, заколнувајќи им се на вашите татковци. Реков: ‘Нема да го раскинам Мојот Завет со вас довека.

2 А вие не склучувајте сојуз со жителите на оваа земја; туку разурнувајте ги нивните жртвеници!’ Но вие не го послушавте Мојот глас. Што направивте!

3 Затоа ви велам: ‘Не ќе ги изгонам пред вас. Туку, тие ќе ве угнетуваат, и нивните богови ќе ви бидат стапица.’”

4 Кога Господовиот ангел им ги кажа тие зборови на сите Израелци, народот извика гласно и заплака.

5 И така, тоа место го нарекоа Бохим, и таму Му принесоа жртви на Господа.

6 Кога Исус го распушти народот, Израелевите синови се разотидоа секој во своето наследство, за да ја земат во сопственост земјата.

7 Народот Му служеше на Господа во текот на сиот Исусов век и во текот на сиот век на старешините, кои го надживееја Исуса и ги видоа сите големи дела што Господ ги направи за Израел.