Судии 2:18-23 MKB

18 Кога им воздигаше судии, Господ беше со секој судија па ги избавуваше од рацете на нивните непријатели во текот на сиот век на судијата, зашто Му беше жал на Господа колку воздивнуваа под јаремот на оние кои ги угнетуваа.

19 А кога ќе умреше судијата, тие пак паѓаа во поголема расипаност отколку нивните татковци. Одеа по други богови, им служеа и им се поклонуваа, не отстапувајќи од своите опаки дела и постапки.

20 Тогаш Господ пламна со гнев против Израел и рече: „Затоа што овој народ го престапи Мојот Завет, што Јас го воспоставив со нивните татковци, и не го послушаа Мојот глас,

21 ни Јас отсега нема да изгонам пред нив ниеден од народите што Исус ги остави по својата смрт,” -

22 за да го стави со нив на искушение Израел: дали ќе ги пазат или не Господовите патишта, како што ги пазеа нивните татковци.

23 Затоа Господ ги остави тие народи, и не ги изгони веднаш ниту ги предаде во рацете на Исуса.