4 Кога Господовиот ангел им ги кажа тие зборови на сите Израелци, народот извика гласно и заплака.
5 И така, тоа место го нарекоа Бохим, и таму Му принесоа жртви на Господа.
6 Кога Исус го распушти народот, Израелевите синови се разотидоа секој во своето наследство, за да ја земат во сопственост земјата.
7 Народот Му служеше на Господа во текот на сиот Исусов век и во текот на сиот век на старешините, кои го надживееја Исуса и ги видоа сите големи дела што Господ ги направи за Израел.
8 Исус, Навиновиот син, Господов слуга, умре на возраст од сто и десет години.
9 Го погребаа во крајот што го наследи во Тамнат-Арес, во Ефремовата Гора, северно од планината Гаш.
10 А кога сето она поколение им се придружи на своите татковци, го наследи друго поколение, што не Го познаваше Господа ни за делата што ги направил за Израел.