22 А кога нивните татковци и нивните браќа ќе дојдат да се жалат на вас, ние ќе им речеме: Простете им заради нас, зашто не им зедовме за секој по една жена во војната; а и сега вие не им ги дадовте, па да бидете виновни.’”
23 Венијаминовите синови направија така, и од девојките кои ги грабнаа зедоа онолкав број жени колку што ги имаше нив. Тогаш си отидоа и се вратија секој во своето наследство, пак изградија градови и се населија во нив.
24 Тогаш Израелците се разотидоа, кој во своето племе и во својот род, и секој оттаму се врати во своето наследство.
25 Во тоа време немаше цар во Израел, и секој го правеше тоа што му се чинеше дека е справедливо.