Судии 4:10-16 MKB

10 Онаму Варак ги повика Завулона и Нефталима. Десет илјади луѓе тргнаа со него, а и Девора одеше со нив.

11 Кенеецот Хевер беше се одвоил од Кенеј, еден од синовите на Овав, Мојсеевиот дедо; го оптегна својот шатор кај Дабот во Занаим, недалеку од Кадес.

12 Му јавија на Сисара дека Варак, синот Авинеемов, излегол на гората Тавор.

13 Сисара ги собра сите свои бојни коли, девет стотини железни коли, и сите луѓе што ги доведе од незнабожечкиот Аросет до Кисонскиот Поток.

14 Девора му рече на Варака: „Стани, еве го денот кога Господ ќе го предаде Сисара во твои раце! Самиот Господ оди пред тебе!” И Варак слезе од гората Таворсо десет илјади луѓе со себе.

15 Господ ги заплаши Сисара, сите негови бојни коли и целата негова војска, која почна да бега пред Вараковиот меч. Сисара слезе од својата кола и избега пеш.

16 Варак ги гонеше колите и војската сè до незнабожечкиот Аросет. Сета Сисерина војска падна од остар меч, и ниеден човек не избега.